(ВИДЕО) Славниот турски актер донира за настраданите во земјотресот – „да се гушнеме цврсто“

Турција се обидува да ги залечи раните по разорните земјотреси во Кахраманмараш. Додека продолжија напорите за пребарување и спасување во регионот, познатите личности се мобилизираа за помош на жртвите од земјотресот.

Се јави и познатиот актер Киванч Татлитуг, кого македонската публика го памети по многу остварени улоги во филмови и телевизиски серии, а познат е по тоа што го нарекуваат турскиот Бред Пит.

Advertisements

Актерот, како што објавија турските медиуми, донира над 1 милион 200 илјади турски лири.

Земјотресите од 7,7 и 7,6 степени, чиј епицентар беше Кахраманмараш, длабоко ја потресоа Турција. Животот го загубија над 40.000 илјади граѓани.

По двата големи земјотреси во Кахраманмараш, Киванч Татлитуг, кој веднаш презеде акција за жртвите од катастрофите ги изрази своите чувства на својот профил на социјалните мрежи.

Татлитуг, кој со денови работи под координација на Здружението АХБАП за помош во зоната на катастрофата, по 10 месеци сподели нова објава на својот Твитер профил. Тој е познат по својата хуманост и во тој контекст порача:

„Да се ​​гушнеме цврсто, океј“.

Актерот освен донација во пари на здруженијата што им помагаат на настраданите обезбедил и логистичка поддршка, пишуваат турските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kıvanç Tatlıtuğ (@kivanctatlitug)