Белградската полиција уапси четворица бугарски државјани под сомнение дека запреле автобус на автопатот во Белград, а потоа го демолирале, објави српскиот портал Нова.
Како што пишува порталот, овој напад бил откриен откако полицијата добила дојава дека автомобил со странски регистарски таблички пука во автобус во движење на автопатот кој минува низ Белград.
Со брза интервенција на припадниците на српската полиција, интервентната единица 92 и сообраќајните патроли во Нов Белград, во близина на Аренат, запрен е автомобил со француски регистарски таблички во кој имало четворица бугарски државјани.
View this post on Instagram
При претресот не е пронајдено оружје. Полицијата го запрела автобусот кој имал видливи оштетувања на ветробранското стакло.
Возачот на автобусот изјавил дека автобусот бил запрен на автопатот од бугарски државјани, но дека тие не пукале со пиштол, туку мавале во него со пивско шише и го скршиле ветробранското стакло со хебла.
Сите учесници на настанот биле приведени во полициска станица.