ЦИА: Дадена е наредба кинеската војска да се подготви за напад на Тајван

Шефот на ЦИА, Вилијам Барнс рече дека американските разузнавачки информации покажуваат дека кинескиот претседател Си Џинпинг наредил војската на неговата земја да биде подготвена да го нападне Тајван до 2027 година. Но, Барнс мисли дека Си моментално се сомнева во неговиот план да го нападне Тајван со оглед на искуството на Русија во војната со Украина.

Во интервју за CBS, Барнс истакна дека САД мора сериозно да ја сфатат желбата на Си да го контролира Тајван.

Advertisements

„Знаеме дека Си му нареди на кинеското воено раководство да биде подготвено да го нападне Тајван до 2027 година, но тоа не значи дека тој одлучил да започне војна во таа или која било друга година. Нашата проценка е дека Си и неговото воено раководство денес се сомневаат дека би можеле да извршат инвазија“, изјави Барнс за CBS.