Се нуди плата од над 1.700 евра – Ова се условите

Марко Росу, земјоделец од Банатскo Новo Село, од соседна Србија, нуди плата од над 1.700 евра, односно 200.000 динари за работа како земјоделец, но вели дека не може да најде работник ниту за оваа сума, пишува српски „Блиц“.

Тој објаснува дека немањето на квалификувана работна сила денес е голем проблем и во соседна Србија, а нема кој да работи и кога платата е над 100.000 динари, што е над 850 евра.

„Можеме да дадеме плата од 150.000 и 200.000 динари, но на крајот не можеме да најдеме работници. Ќе ми требаат и трактористи, заштитари и менаџер кој ќе го води производството, сите тие го создаваат целиот капитал и пари, но многу е тешко да се најдат. Мислам дека им е полесно да одат во некоја фирма и да работат за 50.000 динари, бидејќи им пречи работното време. Во сезона ние го  немаме, работиме од утро до вечер“, вели тој.

Advertisements

Тој објаснува дека кога е сезона, мора да се работи без разлика на временските услови, што многумина не сакаат да го разберат. Тој вели дека многу луѓе не сфаќаат дека работата земјоделството се имаат променето како резултат на усовршувањето на технологијата.