Само екс министерот Нуредини барал апанажа, парите сака да ги подари

Поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е еднинствениот поранешен функционер кој побарал апанажа. На Нуредини му следува апанажа со оглед на тоа што тој на функцијата стапи во 2019 година.

Според изјава на претседателката на собраниската Комисија за избори и именувања Марија Георгиевска за „Слободен печат“ досега е стасано само едно барање за апанажа и тоа од Нуредини.

Ексминистерот за „Слободен печат“ вели дека парите од апанажата ќе ги донира на добротворна организација.

Advertisements

„Побарав апанажа, но парите кои ми следуваат ќе ги донирам на добротворна организација, бидејќи за жал во Македонија има многу на кои им треба помош. По оставката од министерската функција се уште не сум одлучил каде ќе го продолжам мојот професионален ангажман. Сега извесен период ќе се посветам на семејството“, изјави Нуредини за весникот.

На ексминистерот му следува да прима една година апанажа, бидејќи функцијата ја извршува од 2019 година.