(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Камион влета во облак од прашина и ги покоси автомобилите – снимен моментот на верижниот судир кај Будимпешта

Во верижен судар во кој учествуваа дури 43 возила, кој се случи во саботата, едно лице загина на автопатот кај Будимпешта, потврди унгарската полиција.

На местото на вчерашната несреќа под еден од изгорените автомобили е пронајдено безживотно тело.

Advertisements

Според полицискиот извештај, повредени се 39 лица, од кои 14 се во тешка состојба, а меѓу повредените има и деца.

Унгарската телевизија RTL објави видео од несреќата, која ја снимила камера од еден од камионите кои учествувале во судирот. Верижниот судир се случил поради големиот облак од прашина кој се издигнал над дел од автопатот и со тоа целосно ја намалил видливоста.

Возилата нагло почнале да сопираат, а возачите зад нив не ги виделе автомобилите и камионите пред себе, што довело до сообраќајна несреќа во која изгореа 19 возила.