Украински генерал: Одбраната на Бахмут ни купува време за подготовка на контраофанзива

Ситуацијата околу Бахмут е сè уште тешка, но украинските сили ги одбиваат сите руски обиди да го заземат градот, изјави командантот на копнените сили, генерал полковник Олександар Сирскиј, кој тврди дека руските платеници од групата „Вагнер“ се обидуваат да се пробијат до центарот на градот.

„Сите непријателски обиди за заземање на градот ги одбивме со артилерија, тенкови и друго огнено оружје“, изјави украинскиот генерал, пренесува Ројтерс.

Сирскиј рече дека руската платеничка група Вагнер „напаѓа од неколку правци“, обидувајќи се да ги пробие украинските одбранбени линии и да напредува кон центарот на градот.

Advertisements

Британската агенција посочува дека не може самостојно да го потврди тој извештај, наведувајќи дека некои воени експерти се сомневаат во смислата да се продолжи да се брани градот, додека Сирскиј тврди дека тоа помага да се купи време за подготовка на контраофанзива.

Тој, потсетува Ројтерс, во саботната изјава наведе дека „неопходно е да се купи време за да се создадат залихи и да се започне контраофанзива, која не е далеку“.