Популарниот манекен почина на 35 години: Неговото тело беше пронајдено пред зградата во која живееше

Џеф Томас почина на 35-годишна возраст.

Манекенот и топ модел Џеф Томас, според првичните информации, се самоубил скокајќи од балконот на својот стан на 35-годишна возраст, пренесува „ТМЗ“.

Advertisements

Полицијата сè уште го истражува случајот, а резултатите од обдукцијата за конечната причина за смртта допрва треба да бидат објавени.

Полициските власти соопштија дека добиле повик на 8 март дека телото на Томас било пронајдено откако тој наводно скокнал од балконот на неговиот стан во Мајами.

Томас беше многу популарен на социјалните мрежи, со повеќе од 120.000 следбеници на Инстаграм.

Фановите, следбениците и пријателите се збогуваат со Џеф Томас преку социјалните мрежи.