„Нудам плата до 2.000 евра, но никој не сака да работи“ – угостителите во Хрватска очајни за работници

Во Хрватска има се повеќе огласи со кои се бараат сезонски работници. Најбарани се готвачи, келнери, куќни помошници… Како што пишува Вечерњи лист, работодавачите во туризмот никогаш претходно не барале, и не нуделе подобри услови, а епилогот од иселувањето и долготрајните ниски плати во туризмот во Хрватска, е дека на Јадранот за гостите ќе се грижат повеќе странци.

Минатата година во Хрватска до септември биле вработени над 95.000 странски работници, од кои приближно една третина во туризмот, а годинава овие бројки може да бидат само поголеми. Се очекува многу добра сезона, повеќе гости од лани, па ни минатогодишните 52.000 сезонци нема да бидат доволни.

Ресторан од централна Истра, чиј угостителски објект работи добро во текот на годината, за „Глас Истра“ раскажал за своето искуство во кое преку конкурс барал повеќе вработени за неговиот објект: готвачи, келнери и помошници готвачи. Опишувајќи ја својата средба со кандидатите, тој добил впечаток дека се работи за луѓе кои бараат работа, а се молат на Бога да не ја најдат.

Advertisements

Тој вели дека од 25 невработени на располагање за тие работни места, четворица го контактирале од Заводот за вработување и само за да добијат потврда дека се јавиле.

„За готвачот нудам плата од две илјади евра, за келнерот нешто повеќе од илјада, а за келнерката и помошникот готвач илјада евра“, вели тој за бројките што им ги понудил. Но, одговорите на кандидатите се сведуваа на тоа дека тие или не се заинтересирани за таа работа, дека работат со скратено работно време или дека работат во странство и моментално статусот на невработен им одговара целосно. Доби впечаток, вели, дека на интервјуто одговориле само за да го задоволат формуларот и да добијат печат.

Минатата година во Хрватска имало 20.000 домашни сезонски работници и 32.000 странски.  Оваа година, пак, според проценките на Хрватското туристичко друштво, ќе бидат потребни од 57.000 до 60.000 сезонски работници.