Фактор: И таткото на министерот Бочварски влегува во бизнисот со струја

Таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Венцислав Бочварски од Штип, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави порталот Фактор.

Сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари, со поднесено барање за основање на 10 јануари.

Влегувањето во бизнисот со струја на таткото на министерот Бочварски е дел од трендот на блиски роднини на актуелни или поранешни политичира да основаат фирми во делот на енергетиката. Во овој бизнис влегоа синовите на поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Удел во фирма за производство на струја има и сопругата на премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements