Министерот за финансии најавува воведување на вонреден данок на екстра добивка

Со стопанските комори се води дискусијата за нов, вонреден данок на екстра добивка, по примерот на европските земји. На тие компании што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Радио Слободна Европа, каде и  нагласува дека целта на даночната реформа е да воспостави даночен систем што ќе овозможи одржлив, инклузивен и забрзан економски раст.

„Даночната реформа не беше само за фискалните приходи, туку се базира на стратегијата за даночна реформа кога беше донесена од страна на Владата уште во декември 2020 година, каде главни цели на таа реформа е да се воспостави еден даночен систем кој ќе овозможи одржлив, инклузивен и забрзан економски раст, врз основа на нови технологии и подобрување на ефикасноста во даночниот систем. Како приоритетни аспекти, области и принципи на таа стратегија беа правичност на даночниот систем, ефикасност, ефективност и транспарентност, како и зелениот концепт на даночниот систем“, вели Бесими.

Advertisements