(ФОТО)Захарова го прослави својот 47 роденден – Вулгарни фотографии од нејзината венчавка ги преплавија социјалните мрежи

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи и лојална помошничка на Путин, вчера го прослави својот 47 роденден, а на социјалните мрежи повторно кружат фотографии од нејзината прилично чудна венчавка кој се одржа во 2005 година.

Захарова пред неколку години на својот Фејсбук профил сподели свадбена фотографија по повод годишнината. Но, тогаш таа објави само нејзина портрет фотографија.

Advertisements

Неколку дена подоцна, фотографот Николај Комисаров, кој бил ангажиран од Захарова бидејќи бил вработен во рускиот конзулат во Њујорк, ги објавил преостанатите фотографии бидејќи сметал дека тоа му е дозволено. Но, подоцна изјави дека Захарова дури и му се заканувала поради објавените фотографии.

Нејзините свадбени фотографии се прилично вулгарни. Невестата носи кратка бела венчаница, бели чорапи и долги ракавици. Има и многу тенки веѓи исцртани со молив, а за младенците била ангажирана бела лимузина.

Нејзиниот сопруг е бизнисменот Андреј Захаров. Тие се венчаа на 7 ноември 2005 година во Њујорк, каде што тогаш беше вработена Захарова. Венчањето е фотографирано во рускиот конзулат, па во позадина на фотографиите се гледа портретот на рускиот претседател Путин.

Захарова тогаш рече дека нејзиниот партнер не живее во САД, туку дошол во САД за да се венчаат. Таа откри и дека на венчавката имало „гости колку што треба – само двајца“. Захарови денес ја имаат ќерката Маријана која е родена во 2010 година.

Од 2015 година, Марија Владимировна Захарова е портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија. Таа е позната по тоа што постојано го критикува НАТО и нуди контроверзни одговори на новинарските прашања за руската инвазија на Украина.

Таа неколку дена пред почетокот на инвазијата се исмеваше со западните медиуми кои објавија дека Русија се подготвува за војна со Украина. Таа со потсмев праша кога Русија ќе нападне за да знае кога да го испланира својот годишен одмор.

Еден ден пред инвазијата, Европската унија ја нарече централна фигура на руската пропаганда, бидејќи јавно го охрабруваше нападот врз Украина. Заедно со некои други истакнати медиумски личности, таа беше ставена на списокот на лица на кои им е забранет влез во земјите на ЕУ, а им беше замрзнат целиот имот.