ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите

ОКТА АД – Скопје потврдува дека претходно најавениот попуст е применет за сите клиенти.

Оваа придобивка е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична примена.

Иницијативата е доброволна, се спроведува на големопродажно ниво, додека одлуката за нејзино пренесување во малопродажбата останува на секој трговец поединечно.

ОКТА останува посветена на стабилноста на пазарот, транспарентноста и целосното почитување на постојните договорни рамки.