(Видео) Ирска ја избра песната што ќе се натпреварува на Евровизија

Ирска го избра својот претставник на 67 избор за песна на Евровизија – групата „Вајлд Јут“ ( Wild Youth) ќе го вее ирското знаме во Ливерпул во мај, со песната „We Are One“.

Бендот во првата полуфинална вечер ќе ги одмерат силите со претставници на 14 земји, а 10-те најуспешни ќе се пласираат во финалето.

Џон Лајдон, поранешниот фронтмен на групата „Секс Пистолс“, не успеа да победи на натпреварот за претставување на Република Ирска на овогодинешната Евровизија.

Advertisements

67-годишникот се надевал дека песната „Хаваи“, за неговата сопруга Нора, која боледува од Алцхајмер, може да победи и да го „привлече вниманието“ на оваа болест.

Иако претставниците на Ирска седум пати ја освоија Евровизија, од 2013 година немаа среќа и само двапати се пласираа во големото финале.

Во изјавата по прогласувањето на победникот, пејачот на групата „Вајлд Јут“ рече:

„Се тресам, се надевам дека ќе бидеме што е можно подобри“.

Победникот беше избран од ТВ гледачите, како и од национално и меѓународно жири составено од музички експерти.

На крајот за резултатот одлучуваше гласањето на публиката, а „Вајлд Јут“ беше во тесна битка со уште еден изведувач, откако и двајцата имаа поддршка од судиите.