(ФОТО) „Не ни требаат нови делби, ни треба сојузништво и соработка за напредна Македонија“ – Пендаровски на средби во македонскиот бисер

Умешност е да го искористиме сечиј потенцијал и да го впрегнеме во заедничката кауза. А заедничката кауза е напредна Македонија, среќна и просперитетна. Во спротивно, сè помалку ќе има млади луѓе. И затоа не ни требаат нови делби. Ни треба сојузништво и соработка за најважните прашања за нашата заедничка татковина и за нашите сограѓани, порача претседателот Стево Пендаровски, кандидат за втор мандат на претседателските избори во Македонија.

Тој оваа порака ја испрати преку социјалните мрежи по средбите со граѓаните на Охрид.

ФОТО: Фејсбук