(ФОТО) „Неминовна е победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Твоја Македонија” – Силјановска Давкова ги посети најубавите краишта во земјава

Кандидатката за претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова во својата кампања за претседателските избори ги посети, како што и самата вели, најубавите краишта во Македонија.

Вчера беше во посета на Вевчани, на мавровско дебарскиот крај, а и на манастирот Св. Георгиј Победоносец во Рајчица.

„Ова се најубавите краишта во Македонија, многу власти ги забораваат овие краишта. Македонија има голем просперитет само ако се одредиме ние на туризмот, култура, да не ги заборавиме земјоделието и здравата храна. Тоа е нашата предност, науката, културата, спортот, таму нема мали и големи држави! Во кризна состојба сме, ама тие ја предизвикуваат кризата. Тие се најголемиот фактор на криза. Во хаос се, се обвинуваат меѓу себе кој е виновен. Ние ќе славиме додека тие под рушевините на политичкиот вулкан ќе мора да си заминат!“, порача професорката Силјановска Давкова.

Неминовен е поразот на СДСМ и ДУИ и неминовна е победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Твоја Македонија”. додаде Силјановска

„Тоа е јасно, оваа власт мора да си оди! Македонија не е само нивна, Македонија е на сите нас. Нека си заминат тие и ќе видиме дека има човечки материјал и има иднина!“, порача професорката Силјановска.