„На пример во ЈЗУ Општа Болница Велес се снима мамографија, но бидејќи тука нема радиолог, резултатот за читање се препраќа во Универзитеската Клиника за радиологија во Скопје.
Со оглед на тоа дека целта на скриниг мамографијата е рана и навремена детекција на карцином на дојка, апелираме до Минитерство за здравство побрзо решавање на овој сериозен проблем со цел пациентките кај кои ќе биде откриен карцином на дојка да можат да добијат и навремен третман“, порачува Левица.
Ианку, кога лани во септември беа пуштени три нови сали со нова опрема и апарати за интервентната кардиологија, радиологија и оториноларингологија во ГОБ „8-ми Септември“ беше ветено дека се очекува да се намали бројот на чекања за коронарографии, каротидографии, ангиографии и стентирања.Тогаш беше поставен и апарат за мамографија што може дневно да опслужи 60 пациенти, апарат за ултразвук, компјутерски томограф, два најмодерни дигитални апарати за конвенционални РТГ графии и апарат за навигација.