Антикорупциска да истражи како и со кои пари Славјанка Петровска направи хациенда во Радишани повикува ВМРО-ДПМНЕ

ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи, побара на прес конференција пратеникот Тони Јаревски.

„Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека истата изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи.

Advertisements

Петровска ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко и говорат дека истата и те како има поврзаност со спорниот имот.

Петровска да не се крие и да каже дали ужива во благодедот на хациендата? Дали некој од нејзиното семејство ја користи? Зошто ја крие и од кои пари е направена?

ДКСК да не чека Петровска да се изјасни туку да отвори случај за хациендата на Славјанка.

Доволно е Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда, тоа е појдовна основа од каде може да почне да истражува.

Помина времето на политичари кои го крадеа народот и остануваа неказнети. Одговорност мора да има“, рече Јаревски на денешната прес конференција.