ЕУ почна преговори за членство со Украина

Европската унија денеска ги почна преговорите за членство со Украина.

„Драги пријатели, денешниот ден го означува почетокот на новото поглавје во односите меѓу Украина и Европската унија“, рече украинскиот премиер Денис Шмигал преку видеоврска на почетокот од разговорите

Advertisements

На 7 јуни, Европската комисија, извршното тело на ЕУ, препорача отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, оценувајќи дека тие се доволно подготвени за формално отворање на процесот што на крајот ќе доведе до нивно членство.

„Ова се навистина историски моменти. Украина е и секогаш ќе биде дел од обединета Европа. Милиони Украинци, и навистина генерации наш народ, го остваруваат својот европски сон“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски кога 27-те земји на ЕУ минатата недела потпишаа за почеток на разговорите.

Украина и нејзиниот сосед Молдавија ги поднесоа своите кандидатури за пристап во ЕУ веднаш по нападот од Русија во февруари 2022 година.

Почетокот на разговорите во Луксембург сè уште го означува само почетокот на долготрајниот процес на реформи исполнет со политички пречки што веројатно ќе потрае многу години.