(ВИДЕО) Апасиев за програмата на новата влада: „Има 10 добри работи и сите се препишани од Левица, вие сте плагијатори, а не реформатори“

Ја прочитав внимателно програмата и биографиите на министрите и тоа се најзалудно потрошени четири часа во мојот живот. Вашите кадри би ги опишал преку два хаштага. Првиот хаштах е „ружна ви е владата“. Ова е една од трите НАЈГОЛЕМИ влади. Секогаш кога ДПМНЕ е на власт имаме три најголеми влади, 24 – влада, гломазна влада, а европскиот стандард е 13 до 15 члена – истакна претседателот на Левица, Димитар Апасиев на денешната Седница за избор на новата Влада.

– Имате еден глумец, а јас би кажал сите сте глумци. Еден ШПИУН, косовски, не знам ни дали знае човекот македонски јазик и работел за косовската влада. Вие, господине Мицкоски, сте плагијатори, а не реформатори. Има 10 добри работи и сите се препишани од Левица. Идеолошки воведувате нов правец, еве, да го наречеме ,,Мицковизам” како највисок стадиум на Груевизмот, бидејќи правите идеолошка каша попара од кадрите. Значи, имате: бугараши, врховисти, необалисти, бранковисти и михајловисти на крајот, но не овие ванчо-михајловизам туку воведувате сега ,,Дража-михајловизам” во нашата влада – додаде Апасиев.

Advertisements

– Вториот хаштаг е „шверцеви властитог живота“. Мицкоски си ја фризирал биографијата. Требало наместо нарцесоидни моменти, да пишете ,,тато ме направи асистент, Груевски – претседател на партија”. Програмата е без визија, без храбри чекори, зборот РАБОТНИК се споменува само два пати, зборот СИНДИКАТ нула пати и знаете дека на ДПМНЕ газдите и коморите ќе им бидат нивните соработници – појасни лидерот на опозицијата, АПАСИЕВ.

– И ќе потсетам дека за вашиот иден министер МУЦУНСКИ, токму јас го спорев неговото назначување за асистент на Правен факултет. И замислете, на мојот приговор тогаш се приклучи и вашата сегашна претседателка СИЛЈАНОВСКА – потенцираше претседателот на Левица, Димитар Апасиев.