Бајден ја отфрли идејата за испорака на авиони Ф-16 во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја отфрли идејата за испорака на американски борбени авиони Ф-16 во Украина.

„Не“, одговори американскиот претседател на прашањето на новинарите во Белата куќа дали постои можност САД да ги обезбедат авионите што ги побарале украинските лидери.

Advertisements

Бајден не сакаше да каже дали ќе отпатува во Европа околу 24 февруари, кога пред една година започна руската инвазија на Украина.

Тој потврди дека е планирано патување во Полска, без да го прецизира точниот датум на неговата посета.

Западот ја засили воената помош за Украина, бидејќи Германија и САД најавија распоредување тенкови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше за дополнителна помош, која ќе вклучува испорака на ракети со долг дострел и борбени авиони.

Берлин веќе категорично ја отфрли таа идеја, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „по дефиниција ништо (не) е исклучено“, уверувајќи дека Украинците до денес не му испратиле никакво барање во оваа смисла.