(ВИДЕО) Морбидна божиќна порака од руската државна телевизија до Европа

Руската државна телевизија „Раша Тудеј“(РТ) објави крајно морбидна божиќна порака.

Видеото ја прикажува наводната прослава на Божиќ во просечното европско семејство три години по ред – 2021, 2022 и 2023 година.

Начинот на кој е претставена „честитката“ излегува дури и од опсегот на пропагандата што ја пласира РТ.

Advertisements

Со видео пораката се предупредува европската публика што може да се случи ако Европа престане да купува руски гас – „не само што ќе смрзнат, туку и ќе ги изедат нивните миленици“.