ОБНОВЕНО Kирил Петков имал страшна сообраќајка: Тројца загинати

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал страшна сообраќајка несреќа, во која имало најмалку тројца загинати.

Според БТВ, загинал шоферот на Петков, како и две лица од другиот автомобил.

Advertisements

До несреќата дошло кога другиот автомобил во кој биле маж и жена излегол на патот, и покрај тоа што немал предност.

Петков се здобил со повреди, но не е пренесено во каква состојба е. Ова се првични информации.

ОБНОВЕНО

Сообраќајната несреќа се случила во 17.30 часот кај селото Аксаково, во близина на Варна.

До несреќата дошло поради ненадејно излетување на еден од автомобилите, во кој патувале две повозрасни лица.

Автомобилот во кој патувал Петков се движел по коловоз со првенство на минување, објаснуваат од НСО.

Починатиот е возач на автомобилот што се судрил во возилото на Петков. Повредени се жената која го придружувала, како и возачот на НСО.

Двете повредени лица се пренесени во болницата „Света Ана“ во Варна. Повредената 58-годишна жена има комбинирана траума и е во тешка состојба.

– Се уште не можеме да кажеме дека нејзиниот живот е надвор од животна опасност, соопштија од болницата “Света Ана“. Мажот кој е примен во болница со поврдеи има 37 години, а неговата состојба е стабилна. Тој има повреди на главата и екстремитетите, известија од болницата „Света Ана“ во Варна.

„Мое огромно сочувство до роднините на загинатиот возач“, напиша Петков на Фејсбук по несреќата со автомобилот на НСО во кој патуваше за Варна.

„Ќе ја прекинам предизборната кампања додека не бидам сигурен дека е завршено се што зависи од мене за да им помогнам на настраданите и на семејството“, изјави тој.