Претседателот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, изјави дека Алијансата е подготвена за директен конфликт со Русија.
Бауер рече дека НАТО ќе одговори само доколку Русија ја премине „црвената линија“ со инвазија на една од земјите-членки на Алијансата, јави ТАСС.
Тој додаде дека верува оти стратешката цел на Русија е да оди уште подалеку од Украина, на други територии на поранешниот СССР.
Advertisements