Опасниот ТикТок предизвик ги загрижи родителите ширум светот, откако дури 15 основци беа итно пренесени во болница по предозирање со лекови за смирување. Имено, тие учествувале во предизвик кој се состои од тоа што тинејџери земаат лекови за смирување, а потоа се натпреваруваат кој ќе може подолго да остане буден.
Хоспитализираните деца се ученици од петто и шесто одделение во основно училиште во Гуанахуато, Мексико. Случајот е евидентиран дури во четири основни училишта, пишува Мирор.
Овој предизвик на ТикТок се нарекува „предизвик за мир“.
#Internacionales | Niños mexicanos se intoxican con clonazepam por reto de TikTok. Al menos 15 estudiantes de una escuela de primaria ubicada en el municipio de Guanajuato, en la región central de México, se intoxicaron por consumir clonazepam. pic.twitter.com/mh3vovkmsd
— EsNoticia ?? (@EsNoticia_sv) February 1, 2023
Бидејќи бројот на хоспитализации почнал да расте, властите биле принудени да издадат национална тревога за итни случаи.
Градоначалникот Алехандро Наваро вели дека учениците се лекуваат на училиште и ги повика родителите внимателно да ја следат активноста на нивните деца на социјалните мрежи.
„По правило, девојчињата и момчињата не треба да имаат профили на социјалните мрежи. Мораме да се грижиме за нив, да ги гушкаме, да ги сакаме и да бидеме многу свесни што прават“, вели Наваро.
Властите во Мексико предупредија дека земањето такви лекови без медицински надзор може да предизвика симптоми како што се поспаност, гадење, отежнато размислување или паметење, проблеми со координацијата или посериозни проблеми како што се проблеми со дишењето, а во најекстремните случаи, земањето на лекови за смирување може да доведе до кома или смрт.
Она што е исто така загрижувачко и сè уште нерешено е кој им ги продал лековите за смирување на децата од 11 и 12 години.