Почина познатата југословенска историчарка и политичарка Латинка Перовиќ

На 90-годишна возраст во Белград почина југословенската историчарка и политичарка Латинка Перовиќ.

Студиите по историја ги завршила и докторирала на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград во 1975 година.

Advertisements

Од 1968 до 1972 година била секретарка на ЦК на Сојузот на комунистите на Србија, кога била сменета со Марко Никезиќ, тогашен претседател на ЦК на СКС, во таканаречената чистка на српските либерали.

Работела во Институтот за историја на работничкото движење – Белград од 1976 до 1998 година. Од 1993 до 1998 година била главен и одговорен уредник на списанието „Текови на историјата“. Со обновувањето на мултипартизмот, таа повторно влезе во општествениот и политичкиот живот, но на дискретен начин. Во текот на 1990-тите беше опозиционо ориентирана кон политиките на режимот на Слободан Милошевиќ. Била член на Политичкиот совет на Либерално-демократската партија (ЛДП) и на Граѓанско-демократскиот форум.

Веста за смртта ја соопшти коосновачот на Србија 21, Бојан Ѓуриќ, кој своевремено беше функционер на ЛДП. „Почина Латинка Перовиќ. Никогаш не сум сретнал политичар или политичарка со такво разбирање на политиката, ерудицијата, такво искуство и најважно од се, толкава вистинска хуманост и непретенциозност. Според мене, една од најголемите и најдобрите Србинки некогаш замина“, напиша тој на Твитер.