Сеизмолошката служба на Хрватска соопшти дека земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил Хрватска, со епицентар во близина на Башчанска Драга на Крк.
Земјотресот се случил во 10 часот и 47 минути, а процената на интензитет во епицентарот е од VI степен според ЕМС скалата.
Земјотресот беше почувствуван низ цела Хрватска, а реакциите на граѓаните се дека земјотресот траел долго и дека „имало многу тресење“.
Хрватските медиумите претходно објавија дека посилен земјотрес ја погодил централна Хрватска и дека според прелиминарните податоци јачината на земјотресот е проценета на 5,5 степени според Рихтеровата скала.
#Earthquake (#potres) possibly felt 25 sec ago in #Croatia. Felt it? Tell us via:
?https://t.co/LBaVNedgF9
?https://t.co/AXvOM7I4Th
?https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/gqnkOc9sAj— EMSC (@LastQuake) February 16, 2023