Советникот на Зеленски си поднесе оставка – Упати јавно извинување за своите коментари

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович поднесе оставка по негодувањето во јавноста поради неговите коментари дека украинската противвоздушна одбрана соборила руска ракета, во чија експлозија, според медиумите, загинале 41 лице во Днепар.

Арестович објави на социјалните мрежи дека поднесува оставка откако јавно се извини и ги повлече своите коментари од Телеграм.

Украинското воздухопловство соопшти дека станбен комплекс во Днепар бил погоден од руска ракета „КХ-22“, за која Киев тврди дека нема опрема за пресретнување.

Advertisements

Арестович предизвика бура од рекации со својот говор за ова ракетирање на станбена зграда од страна на руските сили, во кој тој изјави дека проектилот над градот бил соборен од украинската противвоздушна одбрана и дека поради тоа проектилот паднал неконтролирано.

„Искрено им се извинувам на жртвите и нивните роднини, на жителите на Днепар и на сите кои беа погодени од мојот предвремен коментар за причината за ударот на руската ракета врз станбената зграда“,изјави Арестович.