Жестоката дискусија на седницата на српскиот парламент на која се расправа за Косово во еден момент прерасна во инцидент. Дојде до тепачка меѓу претставниците на опозицијата и владејачката коалиција.
Инцидентот се случи кога пратениците од опозициските партии по скандирањата го прекинаа обраќањето на претседателот Александар Вучиќ, обвинувајќи за кршење на Деловникот.
Во инцидентот учествуваа пратениците на Двери, партијата Заветници, Народна партија и ДСС, кои го прекинаа Вучиќ скандирајќи и велејќи „Предавство“ и „Косово не го даваме“, а потоа се упатија кон претседателот на Србија.
После тоа пратениците на СНС станаа и дојде до тепачка.
Претседателот Вучиќ и замери на опозицијата дека Деловникот на Собранието им е поважен од Косово.
„Разликата меѓу нив и нас е што Косово ни е свето, а за нив Деловникот“, рече Вучиќ.
Инцидентот траеше петнаесетина минути, а потоа пратениците се вратија во клупите и седницата продолжи.
Во тек е посебна седница на Собранието на Србија на чиј дневен ред е Извештајот за преговорите со Приштина од 1 септември до 15 јануари.
?? Serbian MPs from the ruling party and opposition parties clashed during Vucic’s speech on the special parliamentary session about negotiations with Kosovo.pic.twitter.com/vwSvSbmXcP
— kos_data (@kos_data) February 2, 2023