ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската комисија да излезе со свој став во врска со злоупотребата на службено возило за партиски цели кое може да се забележи на видео на кое се гледа како вицепремиерот Бојан Маричиќ оди да се потпиши за кандидатурата за претседател на Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ.
„Медиумите објавија дека Бојан Маричиќ со службено возило пристигна да даде потпис за Пендаровски. Неговиот шофер му ја отвора вратата, во неработен ден тој користи државни ресурси платени од граѓаните. Оттука добро е да одговори Државната комисија за спречување и борба против корупцијата што мисли за овој случај? Според кои европски практики Маричиќ злоупотребува државни ресурси платени од граѓаните?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.