Прво огласување на Кејт Мидлтон по долга пауза Ова е посебен ден за неа, сите честитаат (ФОТО)

Кејт Мидлтон на Инстаграм објави фотографија од својот најмлад син, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.

„Среќен шести роденден, принцу Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува под фотографијата.

Advertisements

Ова е прво јавно огласување на војвотката од Велс по долго време. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според „Скај њуз“, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека не е монтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Да потсетиме, Кејт Мидлтон излезе на 22 март и ја објави веста во која откри дека има рак.