Едномоторен борбен авион Ф-35 на американските воздухопловни сили, при пробен лет, се урна вчера во воената база Форт Ворд во САД.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како борбениот авион од петтата генерација лебди пред да се спушти на пистата. Потоа, може да се забележи како авионот успева со тркалата да ја допре пистата, за потоа веднаш малку да отскокне и да удри со „носот“ во неа. Потоа се појавува чад, а набрзо пилотот успешно се катапултира.
Сè уште не е позната состојбата на пилотот, пренесуваат американските медиуми. Производителот на авионот Локид Мартин само информира дека безбедноста им е приоритет и дека истрагата е во тек.
#Breaking New much clearer video, courtesy Kitt Wilder, of STOL variant F35 B model landing JRB Fort Worth, and pilot ejects. Condition of pilot still unknown. @CBSDFW pic.twitter.com/BeERIeyhtO
— Doug Dunbar (@cbs11doug) December 15, 2022
Авионот најверојатно бил на пробен лет, а врз основа на достапните фотографии и видеа, специјализираниот портал theaviationist.com заклучува дека најверојатно бил конфигуриран за лебдење или кратко, вертикално слетување, со оглед на положбата на млазницата за издувни гасови и вентилаторот за подигнување. Исто така, порталот додава дека најверојатно отворен бил и магацинот за оружје.
Развојот на Ф-35 главно е финансиран од Соединетите Држави, а финансиската помош доаѓа и од земјите партнери од програмата на НАТО и блиските сојузници на САД, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Австралија, Канада, Италија, Норвешка, Данска, Холандија, а се споменува и Турција. Неколку други земји, исто така, нарачале или размислуваат да го нарачаат авионот.
Авионот за прв пат полета во 2006 година, а стапи во служба на американските маринци во јули 2015 година. Израелските воздухопловни сили го користеа во борба за прв пат во 2018 година. Планирано е авионот, кој се уште се развива, да биде столб на воздушните сили на НАТО и САД во наредните децении.