Таткото на Новак Ѓоковиќ итно пренесен во болница

Српските медиуми пишуваат дека Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак околу 13.30 часот бил примен во Ургентниот центар во Белград.

Според Курир, таткото на најдобриот тенисер во светот паднал и тешко го повредил рамото.

Според информациите до кои дојде српски Курир, Срѓан се повредил додека ги хранел птиците. Во таа прилика Ѓоковиќ паднал од столот и го скршил бучниот зглоб.

Таткото на Новак се уште се лекува на ортопедското одделение, а потоа ќе се утврди дали ќе биде задржан во болница.