Ако има еден политичар кој што покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Сиљановска, која што дури и името во Собрание името ми го чита како Сречко, ксенофибијата и е до ниво што и пречи и да види документ на Албански јазик.
Мојата досегашна работа покажува дека доблест ми е поддршка на различностите. Не видовме програмска определба, освен дека на слоганот стои „Македонија повторно твоја“, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се одтргне од албанофобијата и кзенофобијата. Треба да пазите кога зборувате за „твоја“, туку наша.
Го осудивме и однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за меѓусебните препукувања, по кои се билдаат меѓусебните рејтинзи, а не се нудат решенија, рече Фатмир Битиќи во Само Вистина.
Синдикатите немаат понуда од никој друг освен од нашата партија колку ќе биде минималната плата.
Очигледно не сакаат да се врати минималната плата од времето на ВМРО, викаат треба да биде 450 евра“ рече вицепремиерот и коносител на листата во ИЕ2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи во дебатата на „Само вистина“ со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.
Тој додаде дека ова е едно од клучните барања на синдикатите испратени од вчерашниот марш на Денот на трудот.
„Еве јас им тврдам дека останувањето на СДСМ на власт, во март 2025 година ќе донесе минимална плата од 30 илјади денари за синдикатите, тогаш кога ќе влезе во употреба новиот општ колективен договор“ рече Битиќи.