Потпретседателот на Македонски концепт, Самуел Наумовски доби диплома од кралот Карл XVI Густав Шведски за успешно завршување на обука за лидерство, базирано на вредности.
„Ова признание е значаен доказ за нашата посветеност кон принципите на транспарентност, интегритет и етика во лидерството.
Продолжуваме со нашата визија за подобра и прогресивна Македонија, водена од европските вредности и стандарди“, информира Македонски концепт.