Русите се обиделе да го убијат шефот на военото разузнавање на Украина, Кирило Буданов и министерот за одбрана, Олексеј Резников, изјави шефот на украинската тајна служба СБУ, Васил Маљук.
Според Маљук, СБУ реагирала предвреме и ги осуетила плановите на Русите.
Шефот на Службата за безбедност, исто така, додаде дека една од задачите на СБУ е да ги разоткрие предавниците и да ја исчисти Службата од потенцијално штетни елементи.