Финска, по деветти пат по ред, прогласена за најсреќна земја во светот

Финска, по деветти пат по ред, прогласена за најсреќна земја во светот, Македонија најдолу од Ју државите

Финска е прогласена за најсреќна земја во светот оваа година, по деветти пат по ред, објави Центарот за истражување на благосостојбата на Универзитетот во Оксфорд, кој го објави најновиот Извештај за светската среќа.

Како што е наведено, Извештајот дава увид во состојбата на задоволството и перцепираниот квалитет на живот на луѓето ширум светот. Проценката вклучува фактори како што се економските перформанси на земјата, здравјето, чувството за слобода, дарежливоста на нејзините луѓе и перцепцијата за корупција.

Втора земја на листата е Исланд, по што следат Данска, Костарика и Шведска. Норвешка, Холандија, Израел, Луксембург и Швајцарија се исто така меѓу првите десет.

На листата има вкупно 147 земји, а Авганистан е на дното.

Што се однесува до земјите од поранешна Југославија, Словенија е 18-та на листата на најсреќни земји во светот, Босна и Херцеговина е 47-ма, Црна Гора 60-та, Хрватска 70-та, а Македонија е 82-ра на листата.

Advertisements