Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ против Русија за нуклеарната енергија

Унгарија ќе стави вето на какви било санкции на ЕУ кон Русија кои влијаат на нуклеарната енергија, изјави премиерот Виктор Орбан на државното радио.

Украина ја повика ЕУ да ја вклучи руската државна компанија за нуклеарна енергија Росатом во санкциите, но Унгарија, која има руска нуклеарна централа што планира да ја прошири со Росатом, ја блокираше. Орбан во интервјуто повторил дека на санкциите за нуклеарната енергија „очигледно мора да се стави вето“.

„Нема да дозволиме спроведување на планот за вклучување на нуклеарната енергија во санкциите. Тоа не доаѓа предвид“, изјави унгарскиот премиер.

Advertisements