(ФОТО) Научникот кој го предвиде разорниот земјотрес во Турција и Сирија, предупредува на нови афтершокови

Научникот од Холандија кој ги „предвиде“ земјотресите во Турција и Сирија, повторно се огласи на својот Твитер профил „предупредувајќи“ од можни земјотреси повторно.

На својот профил на Твитер, холандскиот научник Френк Хогербетс, денеска повторно се огласи, ретвитувајќи го профилот SSGEOS (Истражувачки институт за следење на геометријата меѓу небесните тела во врска со сеизмичката активност), навестувајќи продолжување на потресите со со јачина од 5-6 степени.

„Прогноза: Лунарната геометрија може да предизвика силна сеизмичка активност во наредните денови, особено околу 8-ми февруари, најверојатно во опсегот М6. Постои мала можност за поголем сеизмички настан.

Advertisements

Афтершокови ќе продолжат во централна Турција и би можеле да достигнат повисоки од 5 до 6 М“, пишува Хогербетс.