Њујорк воведува еколошка алтернатива на традиционалните погреби – Органско распаѓање на човечкото тело

Американската држава Њујорк стана уште една држава во САД која го легализираше органското распаѓање на човечкото тело како нова форма на погребување.

Телото ќе може да се претвори во земја по смртта и ова се смета за еколошка алтернатива на традиционалните погребувања или кремирања.

Advertisements

Телото се става во контејнер и се распаѓа неколку недели. Процесот се одвива во посебни објекти. Под влијание на микробите, телото се распаѓа во присуство на дрвени струготини, трева и слама. По еден месец и процес на загревање, за да се уништи каква било зараза, телото може да се измеша со земја. Оваа нова „смеса“ може да се користи за цвеќиња, зеленчук или дрвја.

Американска компанија објави дека овој еколошки процес може да заштеди до еден тон јаглерод во споредба со кремирањето или традиционалното погребување. Традиционалните погребувања вклучуваат ковчег, т.е. потрошувачка на дрво, земја и други природни ресурси. Поборниците на оваа практика сметаат дека таа не е само еколошки прифатлива опција, туку и практична во градовите каде што има се помалку простор за нови гробишта.

Во 2019 година, Вашингтон беше првата американска држава што ја легализираше оваа практика. Потоа следеа Колорадо, Орегон, Вермонт и Калифорнија.