Петровска за хациендата: Си пукате во нога, бидејќи сте власт поведете истрага

Славјанка Петровска, пратеничка од редовите на СДСМ реагира по обвинувањата на пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ кој ја повика Антикорупциската комисија да истражи како е направена и со кои пари хациендата на Петровска во Радишани.

Реакцијата ја пренесуваме во продолжение:

Advertisements

„Еве веќе 20 дена како и официјално сте власт, па нема потреба од повторувања на прес конференции, ниту да ја повикувате ДКСК. Само за потсетување дека овие обвинувања се одамна, Драган Ковачки лажеше и ме клеветеше. И како што ветив во судска постапка докажав дека е лажго. Ама од срам ја крие пресудата и ве турка во поголема брука.

Бидејќи сте власт и МВР повторно е МВРО поведете истрага за наводната хациенда, па пак да „си пукате во нога”, посочи Петровска.

„Во меѓувреме одговорете:

1. Како е можно за помошник министер во МВР да е поставено лице со активна кривична пријава?

2. Зошто заменик директорката на Агенција за разузнавање е незаконски поставена?

3. ⁠Ќе се извини ли Мицкоски за злоупотреба на позицијата и организирање  прошетки на неговиот син во Вашингтон?

4. ⁠Како е можно за директор на Управата за извршување на санкции да поставите лица со несоодведно искуство?

5. ⁠Кој ви дозволи ја задолжувате државата, односно граѓаните со 500 милиони евра за да ги покриете неспособните градоначалници на ДПМНЕ?

Со лаги, клевети и закани нема да ме спречите да ја говорам вистината и да поставувам прашања“, рече Петровска