СРБИЈА ТАГУВА – Почина познатиот музичар

Фронтменот на групата „Луна“, Чеда Чворак на својот Фејсбук профил ја објави веста за смртта на тапанарот и вокален солист на рок групата.

Драган Симиќ Шабан, музичар и член на легендарната група „Кондори“, почина вчера, 1 мај.

Фронтменот на групата „Луна“, Чеда Чворак на својот Фејсбук профил ја објави веста за смртта на тапанарот и вокален солист на рок групата.

– Почина нашиот сакан Драган Симиќ Шабан. П.С. Кондори засекогаш – напиша Чеда.

Колегите и почитувачите на ликот и делото на познатиот музичар, но и љубителите на рокенролот, се огласија во коментари и оставија проштални пораки.

„Сега леташ меѓу Кондорите“, „Благодарам за сите добри концерти, почивај во мир“, се само дел од коментарите под објавата на Чеда за смртта на Драган Симиќ Шабан.

Advertisements