Силниот земјотрес уби најмалку 1.504 луѓе во Турција и Сирија

Најмалку 1.504 луѓе загинаа во Турција и Сирија, а илјадници се повредени по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција рано утринава, јавува Си-Ен-Ен.

Вкупно најмалку 592 лица загинаа во Сирија, од кои 371 главно во регионите на Алепо, Хама, Латакија и Тартус, според сириската државна новинска агенција САНА, која исто така објави за 1.089 повредени.

„Во Турција најмалку 912 лица загинаа, а 5.385 луѓе се повредени“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање по земјотресот.

Advertisements