Харис Џиновиќ ќе ве насмее до солзи – пејачот откри зошто отворил кафеана и како отишла во стечај

Популарниот фолк пејач Харис Џиновиќ кој е роден во Сараево за српските медиуи открил дека не само што пее песни за кафеани, туку и дека тој во времето кое го нарекува рокерски период отворил своја кафеана.

– Купив кафана за да имам каде да пијам. Келнерите ме тераа да си одам во 12 часот, ми велеа „нема повеќе“, а јас токму тогаш сакав да пијам, ама во тоа време немав каде да одам. Таа кафеана што ја отворив некако почна да работи. Работеше доста профитабилно додека не почнав да велам: „овој не сака да плати“, „ на овие не им наплаќајте“… И така кафеаната отиде во стечај. Тоа беше рокерски период – изјави Харис.

Според него, имало колеги со кои знаел да испие уште неколку пијачки и со кои сакал да седи подолго.

Advertisements

„Најдолго седеше Шабан Шаулиќ. Поминавме многу време заедно во пабот, до раните утрински часови. Во кафеаната секогаш има друштво, но нема кога викаш некого да ти ги измие прозорците. Тука слабо реагираат – низ насмевка вели Харис.