Најмалку 1.504 луѓе загинаа во Турција и Сирија, а илјадници се повредени по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција рано утринава, јавува Си-Ен-Ен.
Вкупно најмалку 592 лица загинаа во Сирија, од кои 371 главно во регионите на Алепо, Хама, Латакија и Тартус, според сириската државна новинска агенција САНА, која исто така објави за 1.089 повредени.
„Во Турција најмалку 912 лица загинаа, а 5.385 луѓе се повредени“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање по земјотресот.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Зеленски и Украина сакаат да го запрат лудилото - Трамп повика на итен прекин на огнот и н...
Меѓународната заедница да ги заштити новинарите - Репортери без граници бараат истрага за ...
Хрватска: По 80 евра за сите пензионери пред Божик
СКАНДАЛ ВО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА - Комесар за правосудство перел пари преку игри на среќа
Европол во акција на Балканот уапси 11 шверцери на кокаин